Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Хуманитарни активности на О.О. ГРОМ – Охрид

Хуманитарни активности на О.О. ГРОМ – ОхридКОМПЈУТЕР   ЗА ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА ОД ОХРИД

„Со овој гест ГРОМ покажа дека има поинаков став кон ранливите категории на лица од другите политички партии“ – истакна претседателот на Здружението, г. Венко Голабоски при примањето на компјутерот.

Општинската организација на ГРОМ од Охрид продолжува со хуманитарните активности и токму денеска претставници на партијата ги изненадија членовите на Здружението за телесно инвалидизирани лица со ненадејна посета и им подарија компјутер.

Оваа хуманитарна акција се реализираше на иницијатива на член на собранието на Здружението, г.Иљче Јоноски, а организатори беа претседателот на О.О.ГРОМ – Охрид, г.Љупчо Настоски и секретарот, г.Сашо Робески, кои од оправдани причини не можеа да присуствуваат на настанот.

Членовите на здружението искажаа огромна благодарност кон партијата бидејќи за нив овој скромен подарок е од неизмерна важност и многу ќе им помогне во секојдневните активности.

Членовите на Општинската организација на ГРОМ од Охрид сметаат дека сите граѓани треба да бидат вклучени и видливи во сите сфери на општеството, а во ера на дигитализација и олеснета комуникација вклучувањето најбрзо оди со помош на компјутерската технологија. Токму затоа ГРОМ – Охрид  донира компјутер со што започна една убава и успешна соработка која што ќе трае и во иднина на општо задоволство на двете страни.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin