Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Бутел доби своја канцеларија на ГРОМ

Бутел доби своја канцеларија на ГРОМСо пригодна свеченост, на која присуствуваа претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски и претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски, вчеравечер, 20 февруари 2014 година, бутелчани го одбележаа отворањето на уште една канцеларија на ГРОМ. Со неа членството на Граѓанската опција на Македонија отвора уште еден прозорец за приближување кон граѓаните.

Пригодна реч по тој повод одржа лидерот на ГРОМ, Јакимовски, кој изрази задоволство од агилното учество на бутелските членови на партијата во прибирањето потписи за поддршка на претседателскиот кандидат Поповски.

Членовите на Граѓанска опција за Македонија од ОО – Бутел имаа чест да го слушнат и обраќањето на претседателскиот кандидат, Зоран Поповски. Заблагодарувајќи им се на граѓаните од Бутел, но и на сите членови на ГРОМ за поддршката, тој уште еднаш ги истакна своите ставови во поглед на тоа што претставува функцијата Претседател на државата. Поповски пред нив го образложи своето  видување за тоа како треба да се практикува оваа исклучително чувствителна, но пред се одговорна функција без злоупотреба на привилегиите и предизвиците што таа ги носи со себе. Тој, во свој професорски стил и дух, им порача на поддржувачите, симпатизерите и членовите на ГРОМ, откако го положија колоквиумот со прибирање потписи дека целосно сме подготвени да го положиме и големиот граѓански испит на 13 април.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin