ГРОМ-Битола се заблагодари за поддршката

ГРОМ-Битола се заблагодари за поддршкатаРаководството на Општинската Организација на ГРОМ во Битола одржа конференција за печат по повод успешно завршената активност за собирањето на потписи за кандидатот за претседател на Република Македонија, професор д-р. Зоран Поповски. Претседателката Александра Стојановска од името на Општинската Организација на ГРОМ Битола, им се заблагодари на своите сограѓани од Битола за дадената поддршка.

– Професор д-р Зоран Поповски од Граѓанската опција за Македонија е првиот   официјален кандидат за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 13 април оваа година.

Тој успеа да влезе како прв кандидат кој формално-правно ги исполнува законските услови за кандидатура, откако за само ден и пол успеа да собере над 10.000 потписи од граѓаните од сите краеви на Р. Македонија.

ГРОМ со овој успех покажа дека е сериозна и организирана партија со цврста и стабилна структура која вбројува поддржувачи подготвени, под знамето на ГРОМ да се борат на овие избори,кои ни претстојат за неполни два месеци. Додека, граѓаните на Битола и Р.Македонија со нивната поддршка покажаа дека знаат да ја препознаат и поддржат третата политичка опција.

Дозволете во името на кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија, проф. др Зоран Поповски,од име на ГРОМ Македонија и ГРОМ Битола да им се заблагодараме на сите членови и симпатизери на нашата партија, кои во изминатите, само 20-тина часа, го дадоа својот потпис за нас,

Во исто време, освен на членството и симпатизерите на ГРОМ, би сакале да се заблагодариме и на службеникот во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Битола за коректниот и професионален однос при собирањето на потписите, рече претседателката Александра Стојановска.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin