ЗОРАН ПОПОВСКИ ОД ГРОМ-ПРВ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ

_DSC8588Професор д-р Зоран Поповски од Граѓанската опција за Македонија е првиот официјален кандидат за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 13 април годинава.

Тој успеа да влезе како прв кандидат кој формално-правно ги исполнува законските услови за кандидатура, откако за само ден и пол успеа да собере над 10.000 потписи од граѓаните од сите краишта во Македонија.

По тој повод, денес попладне, во Централниот штаб на ГРОМ во Скопје, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, одржа конференција за печат на која рече дека ова е голем успех за Граѓанската опција на Македонија, со што граѓаните покажаа дека знаат да ја препознаат и поддржат третата политичка опција и дека ГРОМ е сериозна и организирана партија.

-ГРОМ со овој успех покажа дека има своја структура поддржувачи подготвени, под знамето на ГРОМ да се борат на овие избори. Кои ни претстојат за неполни два месеци.

Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија Зоран Поповски во свое име и во име на ГРОМ им се заблагодари на сите членови и симпатизери на оваа нова  партија, кои во изминатите, само 20-тина часа, го дадоа својот потпис за него. Во исто време, освен на членството на ГРОМ , тој се заблагодари и на Државната изборна комисија за  коректниот и професионален однос при прибирањето потписи.

Во исто време, лидерот на партијата Стевчо Јакимовски им посака успех и на останатите кандидати кои собираат потписи за влез во претседателската трка.

-Ќе биде добро, изјави Јакимовски, доколку и останатите независни кандидати успеат да ги исполнат условите и се кандидираат за овие избори, бидејќи на тој начин граѓаните на Република Македонија ќе имаат поголем избор и ќе има поголем политички натпревар на претседателската сцена.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin