Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ФОМ ГРОМ – Карпош наздрави во името на љубовта

DSC_0472Со чаша вино, мали слатки задоволства и со топли пораки, денеска, 14 февруари 2014 година, младите од ФОМ ГРОМ – Карпош на случајните минувачи во ТЦ „Лептокарија“ им ги честитаа празниците Свети Валентин и Свети Трифун.

„Љубов е кога романтичните моменти ќе станат секојдневие“, „Љубов е кога се бакнуваш на изгрејсонце“, „Љубов е кога ќе поделиш чаша вино со љубовта на твојот живот“ порачуваа младите од Граѓанска опција за Македонија од Карпош, подавајќи им на своите сограѓани чаша вино и чоколадо.

– Целта на овој настан во организација на ФОМ ГРОМ – Карпош е да покажеме дека мултиконфесионалниот, покрај мултиетничкиот карактер на нашата партија е нешто што ние навистина го практикуваме, а тоа младите денеска го докажуваат низ спојот на православниот Свети Трифун и на католичкиот Свети Валентин – порача претседателката на ФОМ ГРОМ – Карпош, Слободанка Георгиевска.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin