Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Младите од ГРОМ заседаваа првпат

ФОМ-ГРОМНа Првата конститутивна седница на Централниот одбор на ФОМ – ГРОМ која се одржа в недела, (09.02.2014) година, во Конгресниот центар на Скопскиот саем, Љупка Најдановска беше избрана за Претседавач на ЦО на ФОМ – ГРОМ, а Стефан Танески беше избран за Генерален Секретар на ФОМ – ГРОМ.

Во работна атмосфера, се оформи Извршниот Одбор на ЦО на ФОМ-ГРОМ и во таа насока беше презентирана програмата и моделот за комуникација на младите. Никола Анѓелов, Магдалена Павлова – Ристовска и Несле Мустафова ја добија потребната поддршка од присутните членови и отсега, во својство на потпретседатели на ФОМ-ГРОМ, ќе се справуваат со обврските кои се својствени за нивната функција. На конститутивната седница, присуствуваше и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој  упати честитки и пофалби за динамичниот пристап на младите и функционирањето на ова партиското тело.

– Имаме младина која верува во ГРОМ и во своето раководство, која е подготвена да се бори за понатамошни успеси. Вие сте иднината на нашата држава и затоа апелирам да ги прифатите своите обврски во духот на високите морални вредности – истакна Јакимовски.

Во рамките на оваа партиска свеченост, беше претставен кандидатот на ГРОМ за Претседател на Република Македонија, господинот Зоран Поповски, кој во оваа пригода истакна дека токму младите, се наоѓаат во центарот на неговите приоритетни задачи.

-Најважна ми е поддршката и енергијата од младите, бидејќи сакам конечно Македонија да стане  земја од која младите нема да си заминуваат, а за оние кои веќе заминале – земја во која ќе посакаат да се вратат – посочи Поповски.

По настапот на челните луѓе на ГРОМ, работниот дел од ЦО на ФОМ ГРОМ го презеде нејзиниот претседател Бојан Велевски кој во своите неколкукратни обраќања до членовите на Централниот одбор на ФОМ-ГРОМ ги презентираше претстојните активности кои се приоритет за работа на младите. Тој особено внимание посвети на Програмата на ФОМ –ГРОМ која ќе се реализира паралелно со Изборната програма на партијата.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin