Формиран Форумот на жени на ГРОМ – Охрид

ГРОМ жени - ОхридОпштинската организација на ГРОМ – Охрид, на 10.02.2014,  го формираше Форумот на жени и го избра раководството кое ќе ги координира партиските активности на претставничките од понежниот пол на партијата во Охрид.

За претседател беше избрана Драгана Крстеска, дипломиран економист и сопственик на приватна фирма, за потпретседател Сања Тасевска, дипломиран менаџер по осигурување и магистрант на ФТОН, додека пак, за секретар беше назначена Марија Кука, магистер по социјални работи и новинар.

За раководните функции се одлучуваше по доставени предлози на секоја од присутните членки на партијата и тие заедно најголема доверба им укажаа на  овие три високообразовани, успешни млади жени.

Новоизбраното раководство на Форумот на жени на ГРОМ  – Охрид изјави дека овие функции за нив се само поттик за уште поактивно работење со цел афирмација на партијата и успех на претстојните претседателски избори и додаде дека тоа ќе биде возможно само со максимална ангажираност на секоја жена член на ГРОМ, со тимска работа, посветеност и позитивен пристап.

„Во вокабуларот на нашиот форум нема да постојат изразите глупаво прашање или лоша идеја. Ние секое ваше прашање ќе го удостоиме со одговор и секоја ваша идеја  ќе биде добредојдена, разгледана и доколку се појави можност, ќе биде и релизирана“ – изјави секретарот Марија Кука.

„Ние сме таа заборавена средна класа, ние сме Граѓанската опција за Македонија и ние сме тие што треба да направиме сè што можеме за поубав живот во оваа земја, за нашите деца да имаат причина и да сакаат да останат тука да живеат“ –  порача претседателката Драгана Крстевска.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin