Организационен секретар на ГРОМ
Ѓорѓи Чакарјаневски – проф. д-р. по историски науки
Ѓорѓи Чакарјаневски е роден во Скопје во 1949 година. Филозофски факултет на групата Историја завршува во Скопје, каде што и магистрира, а докторира на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Професор е на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на постдипломските и докторските студии во Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено повеќе од 80 научни прилози во научни списанија и зборници од научни симпозиуми и многу монографски трудови, зборници на документи и библиографии. Двапати бил секретар на Сојузот на историчарите на Република Македонија, претседател е на Советот на Институтот за национална историја ИНИ ( од 2006 до денес), раководител на одделението за историја на македонскиот народ (1941-1991) од 2002 година и претседател на Институтот за интердисциплинарни истражувања на историјата, културата и медиологијата (ИКМ). Добитник е на државната награда „Гоце Делчев”.
Е-маил адреса: gjorgji.cakarjanevski@grom.mk