Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ на свечената панихида за Гоце Делчев

ГРОМ на свечената панихида за Гоце ДелчевВисока партиска делегација на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, составена од претседателот Стевчо Јакимовски, потпретседателот  Горан Анчески и генералниот секретар Виктор Цветковски, присуствуваше на денешната панихида што се одржа во скопската црква „Св. Спас“, по повод  142-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.  Партиската делегација положи букет свежо цвеќе пред вечното почивалиште на овој истакнат македонски револуционер. 

            Почит кон големиот македонски идеолог оддадоа повеќе домашни и странски делегации од државните и од локалните институции, општини и здруженија на граѓани. Македонската јавност го памети Гоце Делчев како визионер кој пред повеќе од еден век ја рашири својата идеја, разбирајќи го светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Македонскиот великан е роден на денешен ден во 1872 година во Кукуш, а се школувал во солунската гимназија и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип каде се запознава со Даме Груев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација. Како резултат на блиското пријателство меѓу нив, Делчев се придружува на таа организација во 1895 година и набргу станува нејзин водач. Целта на организацијата била автономија на Македонија и Одринска Тракија.

Во борба со турската војска, трагично загинува в зори, на 4 мај 1903 година во селото Баница. Неговото име стана легенда и идеал за сите подоцнежни организации кои се залагале за Македонија и за Македонците.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin