Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Форумот на жени на ГРОМ-Карпош, со жените Албанки од Долно Нерези

Форумот на жени на ГРОМ-Карпош, со жените Албанки од Долно Нерези Форумот на жени на Гром-Карпош оствари многу срдечна средба, исполнета со длабоки,  заемни емоции со своите пријателки, жените Албанки од Долно Нерези. Прекрасно чувство да се биде дел од нивните верски обичаи, во срцето на нивното свето место, да се присуствува на читање на Куранот, да се почувствува таа силна енергија која зрачи од прекрасните женски гласови. 

Огромна благодарност до Потпретседателот на ГРОМ, г-ѓа Мавие Мехмети, огромна благодарност до г-ѓа Небахат Амза, огромна благодарност до младата Сара Бектеши, огромна благодарност до сите жени кои ни покажаа и докажаа дека сите сме еднакви, сите сме жени, сите не спојуваат еднакви проблеми и желби за подобро утре. Граѓанската опција за Македонија покажа дека е единствена во желбата да обединува и да спојува, да охрабрува и да возвишува. Огромна благодарност до сите двестотини жени кои решија да бидат дел од овој настан. Огромна благодарност до Џамискиот одбор на чело со претседателот Ејуп Салиев, кои не удостоија со прием и ни потврдија дека ова е прв пат кога жени од православна вероисповед го посетиле нивното светилиште. Ова е почеток на едно прекрасно дружење, а бројаниците кои ги добивме на подарок ќе ги носиме постојано со себе. Ова е ГРОМ. Бидете сите здрави и живи, драги пријателки.

Д-р Добрила Андоновска, претседател на Форумот на жени ГРОМ

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin