Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ работно низ Македонија

ГРОМ работно низ МакедонијаПотпретседателот на Граѓанската опција за Македонија, м-р Горан Анчески, заедно со членовите на Извршниот одбор на ГРОМ, д-р Светлана Трбојевиќ и м-р Штеријо Николов, беа во неколкудневна работна посета на повеќе општини и општински организации на ГРОМ низ Републиката.

Така, тие во петокот беа во работна посета на општинските организации на ГРОМ во Кратово и во Старо Нагоричане, а во саботата ги посетија општинските организации на ГРОМ во Охрид, во Кичево и во Македонски Брод.

И генералниот секретар на Граѓанска опција за Македонија, Виктор Цветковски, придружуван од членовите на Централниот одбор на партијата, Соња Стефановиќ и Шебаљ Прешова, викендот што измина остварија неколку работни средби со членови и со раководствата на неколку општински организации на ГРОМ од Источна Македонија.

Дел од работните посети на Цветковски беа општинските организации во Пробиштип, Пехчево, Делчево, Берово, Кочани, Чешиново и Облешево.

Целта на посетите, како што вели потпретседателот Анчески, е да се скенираат проблемите со кои се соочуваат нашите членови од општинските организации, но, пред сè, да се слушнат секојдневните проблеми што ги мачат граѓаните од овие општини низ Македонија.

При посетата раководители на ГРОМ, на присутните членови им ги изложија и можните решенија на  сите поставени прашања, согласно визијата и програмата на Граѓанската опција на Македонија.

Средбите во овие општини предизвикаа голем интерес кај членството, што се гледа преку масовното присуство на средбите на кои се отвори широка дискусија во која се разменија некои ставови и мислење околу начинот на надминување на проблемите.

Сепак, во центарот на дебатата мина предложувањето на нови проекти и креативни решенија за секојдневните потреби и прашања со кои се соочуваат граѓаните од овие општини, но и од цела Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin