Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Формирана Општинската организација на ГРОМ во Ранковце

ГРОМ РанковцеГРОМ НУДИ ОПЦИЈА ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ 

„Ако на ВМРО-ДПМНЕ ѝ ги земете лопатите и панделките, на што ќе се сведе нејзината државничка политика? Ако на СДСМ му го земете плачењето и плукањето во далечина, на што ќе се сведе неговата понуда за граѓаните?“ Со овие зборови лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, ја коментираше актуелната состојба на политичката сцена во Македонија на вчерашното Основачко собрание на Општинската организација на ГРОМ – Ранковце.

На свечениот чин, на кој присуствуваа 46 делегати-основачи, едногласно беа поддржани предложените состави на Општинскиот и на Надзорниот одбор, а за претседател беше избран Моме Спасовски. Изразувајќи благодарност за поддршката, тој истакна дека целта на ГРОМ, како новоформирана партија на македонската политичка сцена, е да понуди свеж пристап кон актуелните случувања, како и поинакви решенија за проблемите со кои се соочува граѓанството со децении.

И претседателот на Граѓанска опција за Македонија, во своето обраќање кон жителите на Ранковце, членови и симпатизери на партијата, зборуваше за визиите на ГРОМ во поглед на иднината на Македонија.

– Ние сакаме успехот на Карпош да го понудиме на сите граѓани на нашата земја. ГРОМ сака во секој град во Македонија, во секое село, населено место, граѓаните да имаат исти или барем приближно исти услови за живот, услови за културен напредок, за спортување, за едукација, за здравствена и социјална заштита. Затоа ГРОМ, на веќе извесните парламентарни избори, за секое катче од нашата земја ќе понуди програма што ќе ги одрази тамошните актуелни барања на граѓаните, нивните идеи за понатамошниот развој на нивниот роден крај – подвлече Јакимовски.

Тој детално ги елаборираше програмските заложби на ГРОМ во поглед на целосното спроведување на децентрализацијата со проширување на ингеренциите на локалната власт во сферите на социјалната и примарната здравствена заштита, како и во поглед на јавниот ред и мир. Јакимовски зборуваше и за потребата Македонија да го развива енергетскиот сектор, со воведување на алтернативни извори на енергија и со спроведување на мерки за енергетска ефикасност.

За развојот на земјоделството, според зборовите на Јакимовски, ГРОМ предлага поттикнување на конзервната и преработувачката индустрија, за Македонија да престане да биде „суровинска база“ за околните земји.

Идеите на ГРОМ, како што истакна претседателот на Граѓанска опција за Македонија, ги опфаќаат и областите спорт, образование, здравство, како и многу други области за кои оваа политичка партија нуди визии што досега не им биле понудени на нашите граѓани. Токму поради тоа, порача Јакимовски, ГРОМ има тенденција да биде партија блиска до граѓаните за да биде во дослух со нив, за да ги осознае нивните реални проблеми, но и за да ги има предвид нивните идеи за решавање на тие проблеми.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin