Работна средба меѓу градоначалниците на Општина Карпош и на Општина Винковци

Работна средба меѓу градоначалниците на Општина Карпош и на Општина Винковци ЧЕКОР КОН ЗБРАТИМУВАЊЕ 

Пред два дена, градоначалникот на Општина Карпош, и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски оствари работна средба со градоначалникот на хрватската општина Винковци, Младен Карлиќ и заменик-градоначалникот Иван Босанчиќ.

Целта на оваа средба беше разгледување на можноста за збратимување на двете општини, а иницијативата произлезе од страна на претседателот на ОО на ГРОМ – Охрид и советник во Општина Охрид, Љупчо Настоски.

Високите гости од Хрватска беа во службена посета на Охрид за време на големиот христијански празник Водици и беа почесни гости на Општина Охрид во текот на изминатиот викенд. Пред заминувањето отпатуваа во Скопје за да се сретнат со г.Јакимовски и да поразговараат за остварување на тесна соработка помеѓу општините Карпош и Винковци.

Средбата помина во пријатна атмосфера и беше договорено во најскоро време, делегација од Општина Карпош да ја посети Општина Винковци-Република Хрватска, а потоа делегација на Општина Винковци да ја посети Општината Карпош.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin