Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ФОМ ГРОМ – Охрид за перспективата на младите

1552853_10202822314054571_243660218_n„Граѓанската опција за Македонија е нов свеж избор на македонската политичка сцена и партија  која ни дава можност гласно да ги искажеме своите идеи кои можеби се клучни решенија за  иднината на младите во оваа земја!“

Токму со овие зборови беше отворен првиот работен состанок на неодамна формираниот Форум на млади на О.О. на ГРОМ – Охрид, одржан во петокот, 17 јануари во присуство на 59 членови на подмладокот на ГРОМ.  Со состанокот раководеше претседателот на ФОМ на ГРОМ-Охрид, Ристе Танкоски, заедно со секретарот Ивана Кикеска и потпретседателот Стојан Пешликоски, а топло добредојте во активностите на ГРОМ на помладите членови им посака  претседателот на ОО на ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски.

Присутните на состанокот дискутираа  за можноста за афирмација на проекти и теми кои ја засегаат младината во Охрид и Македонија и заклучија дека тоа е навистина голем предизвик кој може да им отвори перспективи на сите млади во Република Македонија и да им овозможи реализација на нивните идеи.

Во понатамошниот тек на состанокот Танкоски им ја претстави програмата за Основачкото собрание на ФОМ – ГРОМ кое ќе се одржи на 26 јануари 2014 година во Скопје и ги повика сите свои млади сопартијци максимално да се вклучат и да соработуваат во реализацијата на овој многу важен настан за сите членови на ГРОМ.

По завршувањето на работниот дел на состанокот, претседателот на ФОМ – ГРОМ – Охрид им се заблагодари на присутните и нагласи дека се надева на понатамошна уште поуспешна работа на партијата и голем одзив и интересирање на младата популација за идејата и визијата на ГРОМ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin