Жените од ГРОМ-Карпош со љубов за своите посиромашни сограѓани

Хуманитарна жениФорумот на жени при Општинската организација на ГРОМ од Карпош, денеска, 30 декември, во пресрет на Нова година, организираше хумана акција со која беа опфатени 36 социјално-загрозени семејства од оваа скопска општина. Дамите од Општинската организација на Граѓанска опција за Македонија подготвија комплетен оброк за вкупно 127 свои сограѓани, вклучувајќи и сладок десерт, торта или ситни колачи, како и пакетчиња за децата од овие семејства што се на социјалните маргини.

–  Типично женски, успеавме за навистина краток период да се организираме и вечерва ќе посетиме 36 семејства кои имаат потреба од нашата љубов и внимание, да им организираме една пријатна новогодишна вечера што утревечер ќе ја поделат со своите семејства. Морам да истакнам дека навистина голема поддршка имавме и од претседателот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, кој придонесе кон нашата хуманост со навистина значајна донација. Се разбира, сето ова немаше да биде можно без вредните раце на жените од Карпош, кои уште еднаш покажаа дека хуманоста е нивна најсилна страна – рече на почетокот на хуманитарната акција претседателката на Форумот на жени при ОО на ГРОМ – Карпош, д-р Добрила Андоновска.

На учесничките во хуманата акција им се обрати и претседателот на Општинската организација на ГРОМ – Карпош, Оливер Станоески, кој им честита на жените на извонредно организираната акција.

– Ова е последна акција во оваа година, но начинот на кој се реализира е мотив следната година да работиме многу повеќе, да организираме уште многу вакви акции зашто тие се дел од брендот ГРОМ – Карпош – истакна Станоески, честитајќи им ги на дамите и на сите членови на ГРОМ – Карпош претстојните новогодишни и божиќни празници.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin