Основачко собрание на Општинската организација на ГРОМ во Старо Нагоричане

ГРОМГРОМ ИМА ИДЕЈА

-Ваква политичка опција, каква што е Граѓанската опција за Македонија, одамна и требаше на нашата земја. Посебно што во изминатите дваесеттина години имавме шанса да ги видиме сите негативности на двете најголеми политички партии. Затоа ние како ГРОМ сме перспективата на Република Македонија, а општинската организација од Старо Нагоричане, ќе го следи тој пат.

Со овие зборови вечерва (сабота 28. декември) се обрати новоизбраниоте прв човек на ОО ГРОМ Старо Нагоричане, Милован Трајковиќ, кого 30-тина присутни делегати едногласно го избраа за прв претседател на општинската организација.

На присутните делагати им се обрати и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој во своето обраќање рече:

-Од идеја нема ништо посилно, а ГРОМ има идеја како да ја води натаму Република Македонија. За жал, ние се доведовме после 21 година самостојна држава да речеме дека оваа држава што сега ја имаме е полоша од онаа која тогаш ја напуштивме. Се е полошо од тогаш: и здравството и образованието, и економската состојба и меѓуетничките односи… Сведени сме на тоа или ВМРО или СДСМ да ни се судбина, а тоа е лоша судбина. Ние како ГРОМ сакаме  на граѓаните да им понудиме алтернатива, право да избираат, и тоа да избираат  нешто различно од досега понуденото. А во што се разликуваме ние, како Граѓанска опција за Македонија:

Ние сме пред се мултиетничка партија. Ние се бориме за дескопјеизација и за создавање еднакви услови за живот во секое село, во секоја општина во секој град. Мора да има живот во секое место во Македонија, а ние како власт да созададеме благопријатен амбиент за тоа. Ние како ГРОМ се залагаме за поголеми ингеренции на локалната власт, во сферата на социјалната заштита, во фискалната сфера и конечно во сферата на јавната безбедност. Се залагаме за поддршка на малите и средни претпријатија и да се прекине политиката на градење споменици. На Македонија и требаат енергетски објекти, и требаат вистински спортисти, а не само нови сали и пресечени панделки. Спортот во Македонија стана само забава на богатите. Нам ни требаат способни и ценети доктори, а не само скапи апарати.

Конечно, ние како ГРОМ предлагаме оригинално решение, претседателот да се бира во Собранието на Република Македонија и тој да има четиригодишен, а не петгодишен мандат. Конечно ако тоа го може една САД тогаш зошто ние би биле различно, истакна во своето обраќање претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin