Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ – Охрид им подари насмевка на хендикепираните и на постарите

ГРОМ – Охрид им подари насмевка на хендикепираните и на постаритеВо рамките на претпразничните активности, на 27 декември, претставнички од Форумот на жени и на Младинскиот форум на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија од Охрид, беа во посета на Одделението за геријатрија и во црквата „Св.Ѓорѓија“ каде што имаат дневен престој лицата со посебни потреби.

Со новогодишни пакетчиња, претставничките на понежниот пол од ГРОМ, најпрвин, им ги честитаа престојните празници на лицата со посебни потреби и изнудија насмевка на нивните лица.

Старите и изнемоштени лица, пак, кои престојуваат на Одделението за геријатрија, беа пријатно изненадени кога со домашно приготвената храна од вредните раце на жените од ГРОМ – Охрид  се долови вистинска празнична атмосфера.

– Не направивме многу, но им подаривме барем неколку моменти на смеа, радост и убаво расположение на лицата на кои тоа им е најпотребно. Дарувањето е гест кој предизвикува позитивни вибрации кај двете страни, и кај оној што дарува и кај оној што е даруван! – рекоа претставничките од понежниот пол на ГРОМ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin