Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Интервју Виктор Цветковски, ГРОМ: На Македонија и треба нова политичка понуда

Viktor-CvetkovskiЦелта која си ја поставивме пред нас како нова партија, е да им понудиме на граѓаните повеќе избор на политичката сцена, конкуретност на идеи и проекти, позитивни настапи на нови и енергични лица, на луѓе кои се борат за Македонија, овде и сега, вели во интервју Виктор Цветковски, генерален секретар на ГРОМ.

Господине Цветковски, Вие сте еден од иницијаторите и основачите на Граѓанската опција за Македонија, а сега и на една од највисоките функции-генерален секретар. Која  мисла Ве водеше за влез  и „ разигрување“ на политичкиот простор во центарот?

– Разигрувањето не само на политичкиот простор во центарот, туку разигрување на политичката сцена, генерално во Република Македонија доаѓа како неминовност, како потреба, пред се на граѓаните да добијат нова понуда, да им се даде нова можност, да им се решаваат проблемите, да им се задоволуваат потребите,едноставно да тргнат работиве на подобро. Сето тоа во изминативе години може слободно да кажеме дека не е случај.Од една страна имате многу комотна власт која цврсто и сигурно  си го менаџира системот на власта,а напредок нема, ниту државата оди напред, уште помалку граѓаните го чуствуваат тоа.И кога на тоа ќе го додадете односот на опозицијата, на која основна цел и е да се занимава самата со себе-исходот е поразителен. Битно е кој ќе ја добие внатре партиската битка и за нив е доволно, да се задоволат самите себе си, и тука застануваат,тоа е доволно за да имаат сигурност за нивните семејства и бизниси, а за граѓаните ако нешто „остане по пат „.

Целото интервју може да го прочитате во написот на: faktor.mk

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin