ГРОМ е за постојниот изборен модел

ГРОМ е за постојниот изборен модел Пропорционалниот модел со шест изборни единици треба да остане како изборен модел во Република Македонија е ставот на Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ. Овој став е изграден врз основа на сознанието дека тој ги одразува спецификите на Република Македонија од повеќе аспекти и тоа демографскиот, политичкиот, социјалниот и други. 

ГРОМ смета дека изборниот модел со една изборна единица не одговара на приликите во РМ, дека цензусот кој е составен дел на овој модел многу политички партии нема да се во можност да го остварат, а нема да може да се запази и мултиетничкиот карактер на државата.

ГРОМ смета дека изборниот модел со отворени листи на шест изборни единици нема да даде еднаква можност на кандидатите од помалите општини во однос на поголемите општини во изборната единица, дека ги фаворизира големите општини и градови и дека не соодејствува на политичкиот амбиент во државата.

ГРОМ бара од надлежните институции во државата да ги имплементираат препораките на ОБСЕ и ОДИХР и препораките на Венецијанската Комисија при Советот на Европа со измени и дополнувања на Изборниот Законик.

ГРОМ како политичка партија е подготвена да се вклучи во сите дебати, расправи по повод измените на Изборниот Законик се со цел да бидеме активни чинители во подобрување на целокупниот политички амбиент во државата.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin