Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Стоп на „автобускиот тероризам“

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Стоп на „автобускиот тероризам“-Граѓанската опција за Македонија ГРОМ со згрозување ги следеше последните инцидентни во автобусот бр. 65 меѓу децата од албанска и македонска етничка припадност. Ние, таквото насилство остро го осудуваме и бараме надлежните органи што поскоро да ги идентификуваат и казнат извршителите на насилството, изјави на денешната конференција за печат на ГРОМ, г-ѓа Мавие Мехмети, потпретседател на Граѓанската опција на Македонија.

–      Ние од ГРОМ знаеме дека секој родител, секоја мајка во последните неколку години, со страв го испраќа своето дете на училиште, уплашена од заканата за можно насилство, било од едната или другата страна.Токму таков пример имаше и во Карпош, во  ГУЦ „Здравко Цветковски“ каде во една таква тепачка еден млад Албанец го загуби животот бранејќи го своето другарче Македонец, од насилници од ваков тип.

 

-Ние од ГРОМ не сакаме и нема да дозволиме вака да се одвиваат работите меѓу младите, рече потпретседателката Мехмети.

 

-Она што и нас посебно не загрижува, е што се добива впечаток дека станува збор за смислен напад врз невини деца- дел од нив малолетни, со безбол палка во автобус број „65“ пред Стајковци, изведено од луѓе со два голфа и десеттина маскирани напаѓачи.

 

Ваквиот напад може да доведе до сериозни последици во меѓуетничките односи, а веќе има направено сериозни штети што се огледа и во говорот на омраза и заканите кои се шират преку социјалните мрежи.

Апелираме до сите родители да делуваат смирувачки врз своите деца, зашто омразата носи само поголемо зло. Од тоа какво е домашното воспитување, колку водиме грижа за децата, зависи и нивното однесување надвор. Затоа ГРОМ инсистира дел од одговорноста за превенирање на ваквите проблеми да понесат родителите.

 

Освен санкционирање на овој последен инцидент, треба да се направат максимални напори за примена на сите превентивни полициски методи за спречување на потенцијалните сторители на вакви кривични дела и насилство. Ваквиот „Автобуски тероризам“ стана вистинска закана за мирното живеење и за соживотот во Скопје, е ставот на ГРОМ, рече на крајот Мавие Мехмети.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin