БУДЕЊЕ НА ПРОЛЕТТА

м-р Соња Стефановиќ

За феноменот на граѓанството, ретко се размислува, како да се подразбира дека постои и живее само по себе.А, тоа не е така едноставно.Постојат времиња, кога тој создавачки и динамичен граѓански дух зема силен замав, но за жал постои и време кога поради различни (најчесто политички лудила),тој дух се потиснува и замира.

Во текот на последниве две децении, тој дух е комплетно заспан, умртвен, а носителите на тој дух се деградирани, осиромашени… Но и таков каков е, тој дух е неуништлив и силен противник на разните општествени патологии и егзибиции. А суштината на граѓанството не е само во местото на живеење и припаѓање.
За жал, поразот пред денешното време пред минатото е скоро катастрофален, особено на морален план. Затоа во борбата да опстанеме и преживееме, сегашноста не ја согледуваме, а за иднина не ни се нудат дури ни некои утописки бајки.
Време е да изнурнеме и длабоко да вдишеме чист воздух, кој како свежина после бура, полека се појавува над нас. Се чувствува некое будење на пролетта, некоја најава на движење, некоја нова динамика, некоја виталност…

Излезете, во приквечерието на скопските улици или на улиците на другите градови низ Македонија и осврнете се на граѓаните. Голема е тоа енергија. И не обична, зашто за разлика од големите европски земји на Западот, каде што граѓанскиот дух е веќе долго доминантен,  со правила и конвенции одамна дефиниран, кај нашите граѓани постои еден неодолив шарм на кој му се простува дури и кога некогаш ке се прекршат правилата. Постои непосредност и духовитост, постои скоро библиска мудрост лесно да се поднесуваат неволјите а да не се изгуби радоста на живеењето… Навистина, Скопје, сигурно не спаѓа во најубавите градови на светот но тој неодолив граѓански дух и шарм, одамна се вселил и трајно втиснал во неговите згради, улици, паркови, во небото над Скопје. И она што е најважно,тој  дух живее во неговите стари и нови жители. Можеби, не сме свесни за таа енергија, но таа неосетно и упорно не напојува и храни. На нас останува со иста мера да и возвратиме.

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin