Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Вината не е во медиумите, туку во службените лица

Вината не е во медиумите, туку во службените лица-Ако Томислав Кежаровски воопшто сторил откривање на идентитет, тоа го сторил поради јавниот интерес, а откривање на идентитетот на заштитениот сведок направило службеното лице што му ги соопштило информациите за идентитетот на заштитениот сведок.  

Ова денес на конференција за печат го изјави Оливер Ромевски, член на Извршниот одбор на Граѓанската опција за Македонијам изнесувајќи го децидниот став на ГРОМ за ова најактуелно прашање во моментот во државата.

-ГРОМ во основа не коментира судски одлуки, изјави Ромевски, но пресудата за Томислав Кежаровски, мора да се коментира поради заштита на слободата на медиумите и поради угледот на правосудството и земјата.

Меѓународната судска практика е гаранција на слободата на медиумите, и во случај на објавување најстроги тајни, бидејќи за откривањето на тајните не се виновни медиумите, туку службените лица кои се должни да ги штитат тие тајни. И кога британски „Гардиан“ објави воени тајни на САД, обвинителот не го гони весникот, туку Сноуден, службеното лице кои ги открило тие тајни.

Дали судиите согледаа во какво друштво ќе биде Македонија со ваква одлука? Според Комитетот за заштита на новинарите во 2012 година, глобално, во затвор се 232 новинари, од кои само еден во Европа(Италија), а другите во Иран (45),Еритреја (28) и т.н. Во кое друштво посакуваме да бидеме ние, праша членот на ИО на ГРОМ, Оливер Ромевски?

Според ГРОМ во прашање се угледот на правосудството и на земјата, бидејќи осудени новинари има Иран, Виетнам. Македонија не сака да биде во редот на тие земји.

Правосудството мора итно да ја преиспита пресудата за Томислав Кежаровски и во второстепена жалбена постапка, пред Апелациониот суд да обезбеди судење кое ќе ја гарантира слобода на медиумите, изјави на денешната конференција за печат во името на ГРОМ, Оливер Ромевски.

                      

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin