Конституирано раководството на ГРОМ

Конституирано раководството на ГРОМВладо Поповски, поранешен министер во Владата на Република Македонија е избран за претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција на Македонија. Ова едногласно го изгласаа членовите на ЦО на ГРОМ на денешната прва, Конститутивна седница на која се бираа раководните функции и тела на новата партија.

Членовите на Централниот одбор на денешната седница, која се одржа во Бизнис салата на Скопски саем, ги избраа и потпретседателите и секретарот на партијата. Конституирано раководството на ГРОМВладо Поповски, поранешен министер во Владата на Република Македонија е избран за претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција на Македонија. Ова едногласно го изгласаа членовите на ЦО на ГРОМ на денешната прва, Конститутивна седница на која се бираа раководните функции и тела на новата партија.

Членовите на Централниот одбор на денешната седница, која се одржа во Бизнис салата на Скопски саем, ги избраа и потпретседателите и секретарот на партијата. Од четирите можни потпретседатели беа избрани тројца и тоа Мавие Мехмети, професор по албански јазик, задолжена за ресорот општествени прашања, д-р Тодор Чепреганов професор по историски науки, задолжен за политички систем и м-р Горан Анчески задолжен за економските прашања.

Според елаборацијата на кандидатурите за овие високи функции во партијата, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски најави именување и на четврт потпретседател на партијата кој дополнително ќе се избере до крајот на годината, а чиј ресор ќе биде работа со меѓународни организации,  логистика и политичко дејствување.

Виктор Цветковски, адвокат од Куманово е првиот секретар на Граѓанската опција за Македонија кој ја доби апсолутната поддршка начленовите на Централниот одбор на денешната Конститутивна седница.

Инаку денеска беше избран и Извршниот одбор на ГРОМ, главното раководно тело, кое брои 21 член и тоа: Никола Георгиевски, дипломиран економист, Штеријо Николов, дипл.инженер агроном, Тодор Чепреганов, проф. д-р по историски науки, Оливер Ромевски, магистрант по меѓународни односи и дипломатија, Чедомир Саздовски, доктор по кинезиологија, Стевче Алушовски, м-р по спорт и спортски менаџер, Виктор Цветковски-адвокат, Панчо Минов, дипломиран политиколог и правник, Горан Анчески, м-р по бизнис администрација, Златка Стамболиска-Поповска, м-р по економски науки, Мавие Мехмети проф.по албански јазик, Шебаљ Прешова доктор по стоматологија, Ѓоко Менковски стопанственик, Ѓорѓи Чакарјаневски, проф. д-р по историски науки, Соња Стефановиќ м-р по мировни студии, Љупчо Пренџов магистрант по меѓународна политика, Светлана Трбјевиќ-доц.д-р по социјална работа и социјална политика, Сенчо Нетков, д-р по медицински науки, Татјана Стојановска-Иванов, проф.д-р по социологија, Владимир Котевски, професор по медицински науки и Владо Поповски, магистрант по комуникологија на Правниот факултет при УКИМ.

Образложувајќи ги предлозите за највисоките политички функции на ГРОМ, лидерот на партијата Стевчо Јакимовски на денешната седница на Централниот одбор ги образложи критериумите по кои се предложени овие кандидати меѓу кои се нивната ангажираност во формирањето на ГРОМ, мултиетничкиот карактер на партијата, како и спојот меѓу луѓе кои прв пат влегуваат во политиката и искусни кадри кои досега биле активни на македонската политичка сцена. „Искуството заедно со желбата и ентузијазмот кај овие луѓе, рече Јакимовски се клучни во натамошниот период во ширење на идејата на Граѓанската опција за Македонија, во визијата за попросперитетна и поуспешна Македонија, која треба да допре до што поголем број на граѓани во државата, а со тоа ГРОМ да се етаблира високо на политичката сцена и во власта на претстојните избори“.

Од четирите можни потпретседатели беа избрани тројца и тоа Мавие Мехмети, професор по албански јазик, задолжена за ресорот општествени прашања, д-р Тодор Чепреганов професор по историски науки, задолжен за политички систем и м-р Горан Анчески задолжен за економските прашања.

Според елаборацијата на кандидатурите за овие високи функции во партијата, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски најави именување и на четврт потпретседател на партијата кој дополнително ќе се избере до крајот на годината, а чиј ресор ќе биде работа со меѓународни организации,  логистика и политичко дејствување.

Виктор Цветковски, адвокат од Куманово е првиот секретар на Граѓанската опција за Македонија кој ја доби апсолутната поддршка начленовите на Централниот одбор на денешната Конститутивна седница.

Инаку денеска беше избран и Извршниот одбор на ГРОМ, главното раководно тело, кое брои 21 член и тоа: Никола Георгиевски, дипломиран економист, Штерјо Николов, дипл.инженер агроном, Тодор Чепреганов, проф. д-р по историски науки, Оливер Ромевски, магистрант по меѓународни односи и дипломатија, Чедомир Саздовски, доктор по кинезиологија, Стевче Алушевски, м-р по спорт и спортски менаџер, Виктор Цветковски-адвокат, Панчо Минов, дипломиран политиколог и правник, Горан Анчевски, м-р по бизнис администрација, Златка Стамболиска-Поповска, м-р по економски науки, Мавие Мехмети проф.по албански јазик, Шебаљ Прешова доктор по стоматологија, Ѓоко Менковски стопанственик, Ѓорѓи Чакарјаневски, проф. д-р по историски науки, Соња Срефановиќ м-р по мировни студии, Љупчо Пренџов магистрант по меѓународна политика, Светлана Трбјевиќ-доц.д-р по социјална работа и социјална политика, Сенчо Нетков, д-р по медицински науки, Татјана Стојановска-Иванов, проф.д-р по социологија, Владимир Котевски, професор по медицински науки и Владо Поповски, магистрант по комуникологија на Правниот факултет при УКИМ.

Образложувајќи ги предлозите за највисоките политички функции на ГРОМ, лидерот на партијата Стевчо Јакимовски на денешната седница на Централниот одбор ги образложи критериумите по кои се предложени овие кандидати меѓу кои се нивната ангажираност во формирањето на ГРОМ, мултиетничкиот карактер на партијата, како и спојот меѓу луѓе кои прв пат влегуваат во политиката и искусни кадри кои досега биле активни на македонската политичка сцена. „Искуството заедно со желбата и ентузијазмот кај овие луѓе, рече Јакимовски се клучни во натамошниот период во ширење на идејата на Граѓанската опција за Македонија, во визијата за попросперитетна и поуспешна Македонија, која треба да допре до што поголем број на граѓани во државата, а со тоа ГРОМ да се етаблира високо на политичката сцена и во власта на претстојните избори“.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin