Ако е за аир, доста е споменици!

ГРОМ ВО ПЕХЧЕВОСАШКО ПАРАСКОВ – ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ГРОМ ВО ПЕХЧЕВО

Сашко Парасков е првоизбраниот претседател на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија- ГРОМ во Пехчево. Тој  вечерва едногласно беше  изгласан од 167-те присутни делегати во преполната сала во Домот на Културата во Пехчево каде се одржа Основачкото собрание на ГРОМ во овој град во Источна Македонија.

Заблагодарувајќи се на укажаната чест и доверба, Парасков рече дека сега, како претседател на Општинската организација на ГРОМ, има за цел на своите сограѓани да им ја претстави и приближи визијата на неговата политичка партија за подобра и попросперитетна Македонија. Но, тоа, нагласи Парасков, не ќе можам да го сторам сам. Токму затоа очекувам од сите членови на ГРОМ од Пехчево со заедничка работа, искреност и посветеност да работиме на остварување на програмата и целите на Граѓанската опција за Македонија, како една нова визија за развој на државата која доаѓа од политичкиот центар.

-Доколки зрачиме со позитивна енергија, меѓусебно разбирање, толеранција и единство, резултатите од политичкото дејствување на ГРОМ и посакуваните ефекти се неминовни, го почна своето обраќање пред присутните делегати првиот човек на Граѓанската опција на Македонија и нејзиниот претседател Стевчо Јакимовски. Неговиоит инспиративен говор беше проследен со громогласен аплауз, при што е вредно да се напоменат клучните сегменти од Програмата на кои тој се задржа.

-Во ГРОМ сакаме вредни, чесни луѓе, а такви ги има во Пехчево и тој број од почетокот до денес двојно се зголеми.Но растат приврзаниците и поддржувачите на Граѓанската опција за Македонија и ширум Македонија и тоа петткратно од Иницијативниот одбор до денес, рече Јакимовски. Во овој момент  ГРОМ брои над 15.000 членови, што е сигурен показател дека сериозно се етаблираме на политилчката сцена во Република Македонија.

Она што ексклузивно го слушнаа присутните делегати на ГРОМ од Пехчево вечерва од својот лидер, е дека веќе во поенделник се очекува Судот во Скопје официјално да ја врачи регистрацијата на партијата со што таа дефинитивно ќе се официјализира на политичката сцена како легитимен и рамноправен политички субјект. Ден претходно, во недела, Јакимовски ја најави седницата на Централниот одбор на партијата на која ќе бидат избрани сите врвни партиски функции.

„Зошто ГРОМ?“ беше појдовното прашање од кое претседателот Стевчо Јакимовски ја почна елаборацијата на програмските цели. „Затоа што таа е граѓанска партија во чиј центар е токму граѓанинот и неговата благосостојба, затоа што знае да ги почитува постигнатите резулатати, да се бори за граѓанските права и слободи, и конечно затоа што тоа што досега  ветиле и го остваруваме. Тоа со својот политички кредибилитет и искуство го потврдуваат и самите први луѓе на ГРОМ, а нејзиниот раководен кадар е подобар и од оној на власта и од оној на опозицијата, па оттаму тие треба и да го донесат успехот на ГРОМ.

По што се разликува ГРОМ од другите партии во државата? На овие прашања првиот човек на партијата одговори преку неколку вкрстувања и компарации со досегашните политички практики.

ГРОМ се залага за рамномерен регионален развој што подразбира создавање еднакви услови за развој и работа  во сите општини во државата, а не најголемиот дел од севкупните инвестиции во државата да завршуваат во Скопје. Како сме тргнале со „скопјенизацијата“ од картата на Македонија ќе исчезнат не само селата туку и цели  градови, рече Јакимовски.

Критикувајќи го буџетското трошење на власта тој посочи дека од 7,4 милијарди евра бруто домашен производ, речиси половината, односно три милијарди евра троши само владата како буџетска потрошувачка, наместо тие пари да останат кај граѓаните и претпријатијата. Над една милијарда евра се троши годишно повеќе отколку што треба и сето тоа со уцени, принуда и казни. Таквата пракса ги отвора вратите на корупција, делува како инквизиција и го плаши народот. Народот ако се плаши од власта, тогаш таа власт е туѓа, рече лидерот на ГРОМ. Власта лесно заработува, но и лесно троши. Интенцијата на ГРОМ е парите да останат кај народот и фирмите кои многу подобро знаат да ги оплодат.

„Ако е за аир, нагласи Јакимовски-доста е“! Доста е од споменици и инвестиции на еден квадратен километар. ГРОМ се залага за инвестиции во инфраструктурата, при што од секој град и до секој град од Скопје ќе се стигнува за еден час. Да се инвестира во енергетска ефикасност и изградба на обновливи извори на енергија, зашто ако порано за увоз на енергија и енергенси се трошеа 70 милиони евра сега таа сума достигна над 600 милиони евра. Енергенсите и натаму ќе поскапуваат на светскиот пазар, а тоа ќе ги прави нашите производи поскапи и неконкурентни.

Претседателот на ГРОМ  го спомена и падот на квалитетот во системот на образование кој не соодветствува со потребите на стопанството, во погрешната фокусација на изградба на спортски сали наместо да се инвестира во самите спортисти. За пет- шест години може да се изгради вистински олимпиец, рече тој, кој ќе придонесе за афирмација на државата повеќе од било кој политичар.

На крајот Јакимовски ја потенцираше независната и самостојна позиција на ГРОМ наспроти власта и опозицијата, најавувајќи „игра“ со „црни фигури“, односно дека ГРОМ нема никого да напаѓа но ревносно ќе одговори на секој напад од десно или лево, иако  политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не ги доживува како непријатели туку како политички конкурентни. Во секој случај, ГРОМ подготвен ќе го дочека април 2014 кога очекува парламентарни избори и партиципација во новата власт, пред се со поддршка на граѓаните на Република Македонија и првенствено од своето растечко членство.

Инаку на вечерашново основачко собрание на ГРОМ во Пехчево со кое претседаваше Стевче Митрески беа избрани членови на Општинскиот одбор на партијата и тоа: Чочевски Глигорчо, Павлески Борче, Василевски Здравко, Василевски Спиро, Парасков Сашко, Павлеска Силвија, Груткова Арнаутова Севим, Василевски Јордан, Грутков Алил, Грутков Денис, Ѓоргиевски Горан, Богдановски Благој, Маноиловска Надица, Василевска Сања, Василевска Лепа, Стојановиќ Сандра, Чочевска Мирјана, Митревски Игор, Лесански Ванчо, Митриновска Ленка, Митревски Кирил, Џихан Грутков, Џингова Перихана, Јабукарова Ѓулбехар.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin