Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес-конференција: Членови на локалните власти од Македонија пристапуваат во ГРОМ

Прес-конференција: Членови на локалните власти од Македонија пристапуваат во ГРОМДенеска, 13 октомври 2013 година, во седиштето на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ (на аголот од раскрсницата на ул. Рузвелтова и бул. Теодосиј Гологанов) се одржа конференција за медиуми по повод пристапувањето на 14 актуелни советници од неколку локални самоуправи од Македонија во редовите на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ.

На присутните претставници на медиумите им се обрати претседателот на партијата, господин Стевчо Јакимовски, кој истакна дека покрај големиот интерес меѓу граѓаните, подемот на ГРОМ го обезбедуваат и личности кои се директно инволвирани во општествениот живот, преку учество во локалните власти, а кои самоиницијативно се приклучуваат на Граѓанската опција за Македонија.

–         До овој момент во ГРОМ пристапија 14 советници од други политички партии и независни советници. Денеска сакам да ви ги соопштам имињата на членовите на советите кои ѝ се приклучуваат на Граѓанската опција за Македонија. Тоа се госпоѓата Душица Сеизова-Јовановиќ, досега независен советник во Советот на Куманово, од каде ни се приклучува и д-р Драги Караџиски, исто така независен советник. Бобан Младеновски, досега член на Српската напредна странка, советник во Старо Нагоричане, отсега ѝ пристапува на ГРОМ, како и Љупчо Настоски, досегашен независен советник во Советот на Охрид. Од Советот на Росоман, ни пристапува Спасе Ристевски, досега член на СДУ, а од Пробиштип – советникот Горан Ефремов, кој беше член на НСДП. Од Кавадарци ни пристапуват двајца независни советници, Димитар Жарков и Златко Јованов, а од Советот на Кисела Вода ни се приклучува д-р Чедомир Саздовски, досегашен член на СДУ. Во ГРОМ се вклучуваат и петмина советници од Карпош, кои досега ја претставуваа Српската напредна странка, а тоа се д-р Зоран Поповски, д-р Добрила Андоновска, Дејан Димковски, Горан Михајлов и Роберт Живадиновиќ. Сакам на сите нив да им се заблагодарам за поддршката, но и на сите оние што ги поддржале на советничките листи. Сите овие советници понатаму ќе се борат за интересите на граѓаните во советите во кои се членови, но под знамето на Граѓанската опција за Македонија, следејќи ја програмата на ГРОМ, но во исто време ќе бидат конструктивни во советите на своите општини и ќе го даваат својот придонес во полза на граѓаните што ги претставуваат – рече на конференцијата за медиуми претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, додавајќи дека ГРОМ засега ја поддржуваат 14 советници од вкупно седум општини од Македонија, но дека најавено е оти на партијата ќе ѝ се приклучат и други членови на локалните власти.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin