Бајрамска честитка од ГРОМ

Чест ми е во мое лично име, во име на Иницијативниот одбор на Граѓанската опција за Македонија и на сите симпатизери и поддржувачи на ГРОМ, на сите верници од исламска вероисповед да им  го честитам празникот Рамазан-Бајрам и завршувањето на рамазанските пости.

BAJRAM SERIF MUBAREK OLSUN!

Посакувам празничните денови да ги минете во среќа, радост и добро здравје, во кругот на семејството и на најблиските. Рамазан Бајрам нека подари мудрост, храброст да се истрае во сите искушенија и нека ни подари на сите мир, среќа и благосостојба. Овој празник  е можност за прославa и соединување, за добри дела како кон семејството, сограѓаните така и кон нашата заедница.

Граѓанската опција на Македонија посакува овој ден на сите припадници на исламската вероисповест, но и на сите граѓани на Македонија да им донесе, љубов, слога и меѓусебно разбирање. Сакам да укажам дека ГРОМ ги почитува традицијата, мултиетничноста, мултиконфесионалноста и заедничкото  живеење на сите граѓани на Македонија. Горди сме на тоа што припадниците на различните верски заедници, со заемно почитување ги уважуваат меѓусебните празници.

Овој празник не зближува,  промовирајќи на овој начин солидарност и меѓучовечка љубов.

Претседател на Иницијативниот одбор
на Граѓанската опција за Македонија
Стевчо Јакимовски

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin