Честит Илинден
На сите граѓани на Република Македонија им го честитам големиот празник 2 Август-Илинден. Тој за нас, граѓаните на Република Македонија, има двојно значење. Оваа година одбележуваме 110 години од Илинденското востание и 69 годи
ни од Првото заседание на АСНОМ.
Тоа се два светли датуми во македонската историја кои ја симболизираат борбата за големите идеали: за слобода, рамноправност и за демократија. Идеалите и придонесот на нашите херои, и илинденците и асномците, нè обврзуваат не само да го чествуваме големиот празник со гордост и славје, туку да им оддадеме почит на втемелувачите на нашата државност, како и да ја продолжиме нивната голема мисла и дело. Нека Ви е честит големиот Илинден!
Стевчо Јакимовски